Обланди со бисквити
 
    За подготовка на овој десерт потребни ви се следниве производи:

- 2 обланди
- 400 гр бисквити
- 7 јајца
- 250 гр путер
- 250 гр шеќер во прав
- 1 лимон
- 1 ванилин шеќер
- 200 мл млеко
- 250 мл вода

Потребно време за подготовка на овој десерт е 30- тина минути.

Јајцата ги кршиме и ги делиме жолчките од белките. Жолчките ги ставаме во сад за матење, а белките во сад настрана. Во садот за матење ги додаваме путерот, шеќерот во прав и ванилиниот шеќер. Матиме со миксер додека путерот не стане пенест. На даската за сечење ја ставаме првата обланда. Ја премачкуваме со фил. Во подлабок сад го ставаме млекото. Секоја бисквита ја потопуваме во млеко. Потоа бисквитите ги редиме врз филот. И бисквитите ги премачкуваме со фил. Врз филот редиме нов ред од бисквити потопени во млеко. Премачкуваме со фил. Врз филот ја ставаме втората обланда со мазната страна нагоре. 200 гр шеќер ставаме во тенџере. Додаваме вода, колку да го прекрие. Го ставаме тенџерето на оган. Белките ги ставаме во сад за матење. Ги матиме белките со миксер. Преостанатиот шеќер го додаваме во изматените белки. Откако шеќерот ќе се растопи од оган го тргаме тенџерето со густиот шербет. Непрекинувајќи со матењето во многу тенок млаз во изматените белки го додаваме врелиот шербет. По кратко време го исклучУваме миксерот. Од шлагот полниме во готварски шприц. Со помош на шприцот ги украсуваме страничНите, како и горната површина наОбландите со бисквити. На крупната страна од рендето врз шлагот рендаме чоколада. Оставаме Обландата со бисквити да се излади. Колачот го сечеме на поголеми парчиња. Едно парче Обланда со бисквити ставаме на чинија за колачи.

Со овој десерт ви предлагаме да се напиете квалитетно суво бело вино.

Добар апетит.